Сакате да ја задржите самодовербата и да оставите позитивен впечаток во вашата блиска околина? Новите Еуцерин дезодоранси од Баерсдорф сигурно ќе ви го овозможат тоа.
Уникатната формула со висока концентрација на алуминиумски соли обезбедува долготрајна и ефикасна заштита од непријатните миризби, без притоа да се наруши процесот на дишење на кожата. Ослободен од вештачки додатоци за боја и мирис, Еуцерин дезодорансот е препорачлив за чувствителна кожа, дури и во случај на неподносливост на дезодоранси, а делотворен е и за избричените делови под пазувите.
Ефикасно ја спречува непријатната миризба и го оневозможува создавањето и размножувањето на бактериите. Не остава дамки и флеки на алиштата. Независно дали работите, студирате или едноставно живеете интензивно, со користењето на овој дезодоранс ќе се чувствувате попријатно и поопуштено.
Клинички е докажано дека со користењето на Еуцерин производите, потењето се намалува за 91%.
Доколку некој ви се приближи, немојте да се засрамите! Со Еуцерин дезодорансот никогаш нема да бидете неподготвени.
Комерцијален текст