Почетна » Новости » Занимливости » Емотивен момент: Невеста го изненади татко си, носејќи ја венчаницата на покојната мајка на свадбата

Емотивен момент: Невеста го изненади татко си, носејќи ја венчаницата на покојната мајка на свадбата

Емотивен свадбен момент ќе ви ги насолзи очите.

Грејс Миксон го изненади татко си, носејќи ја венчаницата на својата покојна мајка на најважниот ден од нејзиниот живот. Првиот поглед на таткото кон ќерката беше овековечен со видео кое стана хит на социјалните мрежи.

Грејс Миксон Грејс Миксон

Во него, Чед Миксон се врти и ја гледа Грејс во фустанот во кој тој стапи во брак со покојната сопруга во 1997 година.

„Ти реков дека нема за што да се грижиш“ – вели невестата во видеото, а татко ѝ низ солзи возвраќа: „Многу те сакам. Изгледаш прекрасно. Дали тоа е фустанот на мајка ти? Изгледаш исто како неа“.

Грејс на почетокот не планирала да ја носи венчаницата на мајка си, но откако пробала неколку фустани во бутиците, решила да го проба.

„На крајот го пробав фустанот на мајка ми во домот на моите баба и дедо и беше како скроен за мене. Не требаше да се направат никакви корекции или нешто слично. Тогаш си реков дека тоа ми е знак дека можеби треба да ѝ оддадам почит на ваков начин“ – рекла таа.

„Понервозна бев за првиот поглед со татко ми отколку што бев за првиот поглед со сопругот. Тоа беше толку неверојатен момент што не би го заменила за ништо на светот. Тој момент никогаш мислам дека нема да биде надминат од ниту еден друг момент со него во мојот живот. Тоа беше една од најдобрите одлуки“ – додала Грејс.

Грејс Миксон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.