Почетна » Новости » Занимливости » Емилија Митевска: Вива соковите се со загарантиран квалитет

Емилија Митевска: Вива соковите се со загарантиран квалитет

Емилија Митевска е технолог инженер и одговорна за квалитет на производите во компанијата Вивакс, најголемиот производител на овошни сокови во Република Македонија. Таа зборува за тоа зошто е важно да се знае како се произведуваат Вива соковите и кои се нивните предности. Високиот квалитет на соковите Вива беше потврден и од Здружението на педијатри на Македонија.

Вива

Вива соковите ја добија поддршката од Здружението на педијатри на Македонија, што точно значи оваа препорака?

Ова е само уште една потврда за квалитетот што го имаат соковите Вива. Како лидери во индустријата за сокови работиме според највисоки стандарди и користиме високо квалитетни суровини. Производниот процес е целосно затворен и контролиран, така што добиваме загарантиран квалитет на производите. Добивањето на препораката од Здружението на педијатри на Македонија е резултат на постојаните инвестиции во најсовремена техничко-технолошка опрема, користењето природни состојки и отсуството на конзерванси и вештачки додатоциво соковите наменети за деца. Со препораката само се потврдуваме како одговорна компанија во сите сегменти на работењето, посебно кога станува збор за грижата за децата.

Врз основа на што Здружението на педијатри ги препорача Вива соковите?

Здружението беше запознаено со целиот производен процес, со секоја фаза од процесот, суровините што ги користиме, како се чуваат, како се одвива производниот процес, како се следи и контролира истиот. Во јавноста многу малку се знае како навистина се произведуваат соковите. Малкумина знаат дека од суштинска важност е одбирањето суровини, постојана контрола на процесот на производство и секако одлична комбинација на вкусови. На ова треба да се додаде и дека секоја компанија со традиција како нашата на своја страна ја има стручноста, знаењето, нешто што е многу важно во прехранбената индустрија. Во Вивакс одиме секогаш чекор понапред во исполнувањето на високите стандарди за квалитет. Располагаме со сопствена лабораторија во која го контролираме процесот во сите фази. Имаме организиран процес кој се одвива во согласност со барањата за добра производна пракса. Тука секако се и сертификатите за контрола и безбедност на производниот процес ISO 22000. Ние сме одговорна компанија која има стандардизирани процедури за организирање и следење на производството со цел добивање висококвалитетни и безбедни производи.

Во прилог на нивната одлука е секако позитивното мислење од ЈЗУ Институтот за јавно здравје на Република Македонија за исправноста на производите што го добивме како компанија којашто низ годините наназад редовно го контролира квалитетот на производите во овој Институт.

Вива

Зборувавте дека малкумина знаат за тоа како навистина се произведуваат соковите, ќе може ли да ни го објасните целиот процес?

Како прв чекор во производството е набавка на висококвалитетни суровини. Сите репроматеријали и суровини ги набавуваме од врвни производители водејќи се според највисоки стандарди. При производство на соковите, благодарение на напредната технологија се задржуваат сите природни состојки од овошките. Навистина е заблуда да се мисли дека во овие сокови нема хранливи вредности, напротив, се задржува природноста, вкусот и аромата од самото овошје. Трајноста на производите се постигнува со процесот на пастеризација без додавање конзерванси.

Во контекст на правењето правилен избор, каква е разликата меѓу свежо цеденото овошје и индустриски преработениот 100% сок?

Секој сок си има свои предности, но треба да бидеме свесни за одредени работи при нивно консумирање. Домашно цедените овошни сокови свежината ја имаат само кратко време по подготовката и набрзо како резултат на контактот со воздух оксидираат, потемнуваат и се подложни на создавање бактерии. Свежиот сок треба да се испие многу брзо по подготовката инаку во спротивно нема да има никаква хранлива вредност. Сегашниот начин на живот и темпото кое ни се наметнува, не остава без можности постојано да подготвуваме домашно цедени сокови. Индустриските сокови се одличен начин за внесување витамини и течности, потребни во текот на денот. Предноста на индустриските сокови е тоа што секогаш се достапни сите овошја, а не само сезонските. Секако тука се и коктелите кои се добиваат со комбинација на различни овошја. Кај нас, потрошувачите многу малку се едуцирани за тоа како да се избере вистинскиот производ. Зошто треба да се консумираат одредени производи, каков е процесот на производство и секако каков е составот на производите што внимателно треба да се чита на декларациите.

Вива

Споменавте внимателно читање на декларации?

Секако. Секој потрошувач треба да знае каков производ купува. А тоа е истакнато на декларациите, како и начинот на употреба и рокот на траење. Можеби едноставно немаме време да прочитаме се, но сепак треба да се обрне внимание кој вид сок се купува и кој е неговиот состав. Ние во Вивакс, гарантираме за нашите производи и за нивниот квалитет и состав.

Зошто потрошувачите да купуваат Вива наместо други сокови?

Затоа што во оваа индустрија треба да имате зад себе долгогодишно искуство, знаење и секако врвна технологија за да се добие квалитетен производ. Развивањето производи според желбите и потребите на нашите потрошувачи е наша примарна цел. Ние сме тука за нашите потрошувачи, а нашите производи и квалитетот не стават на лидерската позиција на пазарот. Како лидер сте обврзани да поставувате стандарди, а другите да ги следат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19716 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.