Почетна » Новости » Занимливости » Душа: Емотивната реакција на детенце со ретка болест кога ќе добие електромоторна инвалидска количка

Душа: Емотивната реакција на детенце со ретка болест кога ќе добие електромоторна инвалидска количка

Детенце со ретка болест не можеше да си ги задржи солзите кога ја доби својата прва електромоторна инвалидска количка.

Во видеото, 14-годишниот Ендрју Палмер седнува во количката и започнува да плаче од среќа, затоа што конечно ќе може сам да се движи низ и надвор од домот.

„Можам да правам работи самиот сега“ – вели тој.

@generaltstrike Best story youll see today! "I CAN DO STUFF BY MYSELF NOW!" This young boy is moved to tears when he is surprised with his new power chair! He’s been in a manual and unable to move himself around at home for years. (:alittlegramming & jacruiser) #GoodVibes ♬ original sound - General Strike

Ендрју си ја скршил ногата кога бил шесто одделение и никогаш повторно не проодил.

„Тој не закрепнува како што закрепнуваат другите деца“ – рекла неговата мајка Кетрин.

Ендрју страда од Дишенова мускулна дистрофија, која обично започнува околу четиригодишна возраст кај момчиња и брзо се влошува. Тоа е невромускуларна болест која се одликува со брза прогресија на слабеење на мускулите, дегенрација на скелетни и срцеви мускули, како и проблеми со дишењето.

Просечниот животен век на овие лица е околу 26 години.

Сега, Кетрин се обидува да овековечи колку што е можно повеќе моменти со својот син. Снимката од моментот кога тој ја доби електромоторната инвалидска количка е прегледана повеќе од 6 милиони пати.

„Пред да ја добијам количката, не постоеше начин да се движам низ домот, мајка ми и очувот мораа да прават сè за мене. Сега, можам да правам многу нешта самиот. Можам да се движам од една соба во друга без да чекам помош. Сега сум многу посамостоен“ – рекол Ендрју.

Ендрју Палмер

Болеста кај Ендрју била дијагностицирана на 19-месечна возраст.

„Никогаш немав слушнато за Дишен претходно. Ендрју не се развиваше физички како што се очекуваше и кога имаше шест месеци, педијатарот нè упати на невролог и на генетичар. На 19-месечна возраст му беше дијагностицирана Дишенова мускулна дистрофија“ – рекла мајката.

„Првите чекори ги направи малку пред вториот роденден. Ендрју многу паѓаше, но честотата на паѓање се зголеми кога имаше 5 години. Тогаш започнавме да го праќаме во училиште во инвалидска количка. Кога заврши петто одделение, падна и си ја скрши ногата. Една година подоцна, падна и си ја скрши и другата нога. Не ни одеше, туку само стоеше. Но, неговите нозе толку многу ослабнаа, што престанаа да го крепат. Ендрју падна на земјата и никогаш повеќе не прооди“ – раскажала Кетрин.

Ендрју Палмер Ендрју Палмер Ендрју Палмер Ендрју Палмер Ендрју Палмер Ендрју Палмер Ендрју Палмер Ендрју Палмер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.