Доктор од Јемен е пример како изгледа добрината на дело.
Сами Јахја поставува знак со натпис: „Застанете ме ако ви треба бесплатна лекарска консултација“ за да им помогне на сиромашните лица од неговата заедница сред глобалната пандемија со КОВИД-19.
28-годишниот лекар најпрво започнал да дава бесплатни совети преку Facebook, но потоа се сетил дека многу сиромашни лица немаат достап до социјалните мрежи.
Така дошол до идејата за поставување на знак на возилото. Тој честопати вози низ улиците на главниот град Сана, доброволно застанувајќи за да им помогне на оние во неволја.
„Мораме да го пазиме и одржуваме здравјето на сиромашните луѓе, бидејќи нивното здравје е дел од целокупната заедница“ – вели тој.
Фотографии од добродушниот доктор станаа вирален хит на социјалните мрежи.
Во Јемен се случува најголемата хуманитарна криза во светот, која е последица на војната која трае од 2014 година.