Норвешка е сосема поразлична земја од нашата. Понекогаш начинот на живеење и функционирање на Норвежаните може да ни изгледа чудно и невообичаено.
Австралиец, кој моментално живее таму, сподели видео за да ја прикаже праксата да се оставаат бебиња да спијат надвор кога времето е студено.
„Уште еден ден во Норвешка, нова група на бебиња оставени сами надвор на студеното време. Погледнете колку многу ги има. Тоа им помага со дишењето и ги прави независни. Тоа е причината поради која толку многу луѓе ги напуштаат домовите во Норвешка одошто во другите држави“ - вели тој.
@mrmelk_ True story #viking #ting ♬ original sound - Olly Bowman
Оваа пракса во скандинавските држави привлекува големо внимание и многумина од другите земји се одушевени од сигурноста и безбедноста таму.
„Дали бебињата не ги киднапираат во Норвешка?“, „Како Американец, не можам да си замислам дека постои толку безбеден свет. Може ли да дојдам таму?“, „Не можам да си замислам да се чувствувам толку безбедно“ и „Живеам во Норвешка неколку години. Во секоја земја во светот треба да можете да ги оставате децата на свеж воздух. Ако не можете, тогаш не сте слободни“ – се дел од коментарите.
Видеото до денес е прегледано над 14 милиони пати.
Овој метод се препорачува бидејќи се смета дека свежиот воздух им го подобрува здравјето на бебињата и им помага подобро да спијат. Најчесто, родителите ги набљудуваат од прозорец или ги слушаат преку бебе монитор. Погледнете видео во кое жена од Данска објаснува зошто ова се применува во скандинавските земји.
@annieineventyrland ♬ path of the wind ~ my neighbor totoro lofi - Closed on Sunday