Почетна » Новости » Занимливости » „Децата учат што е љубов гледајќи ве вас. Вие им сте пример што значи здрава врска“

„Децата учат што е љубов гледајќи ве вас. Вие им сте пример што значи здрава врска“

Даниела Шерман-Лазар преку своите текстови потсетува на важните работи во животот и родителството.

Авторката, која е мајка на три девојчиња, укажува колку за децата е важно каков однос имаат родителите.

Преку краток текст таа им посочува на мајките и татковците да не забораваат дека нивната врска треба да биде пример за здрав однос, кој децата будно ќе го следат кога избираат љубовен партнер за себе во иднина.

Семејство

Еве го нејзиниот пост:

Децата треба да гледаат љубезни родители.

Децата учат што е љубов, гледајќи како се однесувате еден кон друг.

Тие треба да гледаат како си разменувате „Те сакам“.

Да гледаат како се држите за раце и како се бакнувате пред да се разделите наутро.

Отворено да ги изразувате вашите чувства, без разлика какви се.

Да ги делите домашните обврски.

Да си простувате еден на друг за постапките и да не држите гнев и лутина.

Да се прашувате еден со друг како ви помина денот и да се грижите за одговорот.

Да покажувате почит и поддршка со тоа што ќе правите сè еден за друг – да му го зготвите омиленото јадење, да се грижите еден за друг кога сте болни, или пак, тој да ви овозможи да преспиете по тешка ноќ.

Вие им сте пример за тоа што значи здрава врска.

Дали сакате вашите деца да бидат во врска исполнета со гласни расправии, врескање и фрлање работи?

Бидете партнери какви што сакате вашите деца да привлечат.

Тие гледаат сè.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21148 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.