Родителите многу често слободно зборуваат со семејството и пријателите пред нивните деца, мислејќи дека тие се занесени во игрите и дека не слушаат.
Текст потсетува дека децата нè слушаат повеќе отколку што си мислиме и дека го оформуваат нивниот карактер според информациите кои ги добиваат од возрасните.
Нашите деца? Нашите деца слушаат.
Слушаат кога се жалиме. Знаат кога зборуваме за нив.
Тие не се неуки. Не се глупави. Многу се паметни и процесираат сè што кажуваме. Го оформуваат нивниот вокабулар, нивниот карактер, развивајќи свој мал карактер врз основа на она што го слушаат.
Кога ќе речам: „Тој е моето тврдоглаво дете...“, тој ме слуша.
Кога ќе речеш: „Таа е дива...“, таа те слуша.
Никогаш нема да го заборавам денот кога моето постаро дете ми рече дека му ја дава неговата храна на помалиот брат, бидејќи тој е „добар јадач“.
Останав со подотворена уста. Веројатно многу пати имам речено дека моето помало дете е „добриот јадач“.
Луѓе, тие слушаат сè што кажуваме.
Ако сакате вашите деца да мислат дека се „тешки, тврдоглави или немирни...“ продолжете тоа гласно да им го повторувате на вашите пријатели пред нив.
Но, ако сакате вашите деца да знаат дека се авантуристи, креативни и љубезни, кажувајте го тоа за да го слушнат.
Бидејќи тие ќе го слушнат.
Во одделен пост, од Worthy Wordz пишуваат:
Време е да започнете да внимавате какви семиња сакате да посадите во мислите на другите околу вас.
Ако ми повторуваат: „Не си доволно добра“, „Не си доволно добра“, мојот внатрешен глас ќе започне да ми повторува: „Не сум доволно добра“, „Не сум доволно добра“.
Сите сме биле таму.
Сè зависи од нас возрасните, родителите, старателите или учителите да станеме свесни за нашите зборови и за тежината која тие ја имаат.
Како сакате децата во вашиот живот да зборуваат за себе?
Лично јас сакам да мислат дека се сакани, дека се паметни, љубезни и уникатни на најдобриот можен начин. Сакам да мислат дека нивните емоции се ОК и дека се важни. Дека е ОК да се тажни.
Како ќе ги знаат овие нешта ако не ги научиме на тие нешта?