Почетна » Новости » Занимливости » Девојче се натпреваруваше само и победи откако никој друг од екипата не се појавил на натпреварот за мажоретки

Девојче се натпреваруваше само и победи откако никој друг од екипата не се појавил на натпреварот за мажоретки

Мало девојче со голема смелост одлучи да се натпреварува само и победи откако другите членови од екипата не се појавија.

Пејтон Торсби Пејтон Торсби

8-годишната Пејтон Торсби стана вирален хит со победата на натпревар за мажоретки. Ниту едно од другите девојчиња од тимот не се појавило на натпреварот, некои поради обврски, некои поради болест, а едно девојче задоцнило и не смеело да учествува.

„Бев исплашена и многу нервозна. Имав пеперутки во телото и стомакот“.

„Не сакав мојот тим да се разочара од мене што не го претставував, па донесов одлука. Сакав да излезам таму и да направам семејството и пријателите да се гордеат со мене“ – рече Пејтон.

Пејтон Торсби

Мајката на Пејтон, Никол, рече дека не можела да си ги задржи солзите кога нејзината ќерка го добила пехарот.

„Со тренерите плачевме. Не можев да поверувам. Таа е неверојатна. Дојде и ми рече: ‘Мамо, успеав. Не ми се верува дека успеав. Го направив тоа мамо’. Само тоа го повторуваше, бидејќи беше во шок. Се гордееше со себе“ – рече мајката.

Никол вели дека секојдневно прави сè што може за да им ја зголеми самодовербата на нејзините деца и дека ова е доказ колку е важно тоа.

Пејтон Торсби Пејтон Торсби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.