Почетна » Новости » Занимливости » Девојка со Даунов синдром се натпреваруваше на Мис тинејџерка на САД и доби специјална титула

Девојка со Даунов синдром се натпреваруваше на Мис тинејџерка на САД и доби специјална титула

Кајла Касмалски испиша историја како првата учесничка со Даунов синдром на изборот за Мис тинејџерка на САД.

18-годишната девојка, која се натпреваруваше како Мис Делавер, вели дека ова беше остварување на нејзин сон и дека сака да покаже дека лицата со екстра хромозом можат да направат сè што ќе посакаат.

„Сакам светот да знае дека луѓето со Даунов синдром можат да направат сè. Искуството беше неверојатно. Ми се допаѓаше кога бев на сцената. Сакам да им покажам на малите девојчиња дека можат да сонуваат големи соништа“ – изјавила Кајла.

Кајла се претстави во розова свечена тоалета, краток син фустан и во сино-златен костим.

Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски

Кајла доби специјална титула – Miss Congeniality, по што изјави: „Сакам сè на мене. Сакам да им покажам на сите дека треба да сонуваат големи соништа, да бидат храбри, силни, да бидат себеси и да продолжат да блескаат силно“.

Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски Кајла Касмалски
@infobq Good luckMiss Teen Delaware 2024 | Kayla Kosmalski là cô gái mắc hội chứng Down đầu tiên giữ danh hiệu Miss Teen USA cấp tiểu bang #infobq #foryou #xuhuongtiktok #xh #viral #fyp #fypシ゚viral #fypシ #xuhuong2024 #xuhuong #foryoupage #starbeauty_team #delaware #usa #missteen #missteenusa #missteenusa2024 #missuniverse #missusa #missusa2024 #missuniverse2024 ♬ Try - P!NK
@edgarjacobmx No existen los límites, hoy queda más que comprobado. #kaylakosmalski #sindromededown #MissteenUsa #missteendelaware #BeautyPageants #2024 ♬ Unstoppable (I put my armor on, show you how strong I am) - Sia

Минатогодишната победничка на Мис тинејџерка на САД се откажа од титулата, откако Мис САД го направи истото за да го заштити своето ментално здравје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.