Мишел и Скот Елерметс добија неочекувано изненадување на свадбата.
Партнерите, кои ја започнаа својата врска по смртта на нивните сопружници, беа вчудовидени кога токму пред нивната венчавка на небото се појавило двојно виножито.
Симболот за надеж го одбележа овој ден кога се обединија две души кои пред само една година доживеале семејни трагедии.
Фотографката Челси Шафер ги овековечи овие моменти со фотографии, а приказната стана хит на TikTok.
50-годишната Мишел била во брак 23 години пред да го изгуби својот сопруг Џонатан поради срцев удар. Таа е мајка на три деца и била цврсто убедена дека никогаш повторно нема да се омажи.
Сопругата на 59-годишниот Скот починала поради тешка болест. Тие биле во брак 29 години.
Мишел и Скот се запознале преку локална група за лица кои загубиле блиски личности. Тие најпрво се спријателиле, но нивното пријателство брзо прераснало во романса.
Тие решиле да не губат многу време и што побрзо да го започнат заедничкиот живот. „На наша возраст, не сакате да губите многу време. Не можете да ги земате деновите здраво за готово. Тоа е уште едно нешто што нè научи смртта на нашите сопружници, дека не можете да сметате на утрешниот ден“ – рекле Мишел и Скот.
На денот на нивната свадба имало големо невреме, но се појавило сонце токму пред да го изговорат судбоносното „ДА“. Виножитото тие го сметаат за благослов од Бог.
„Виножитото беше како шлаг на тортата и изгледаше како благослов од Бог“ – велат тие.
@chelseaschaefer24 I will never get over this d
♬ To Build A Home - The Cinematic Orchestra & Patrick Watson