Почетна » Новости » Занимливости » Двојна среќа: Сестри се породија во иста болница само еден ден една од друга

Двојна среќа: Сестри се породија во иста болница само еден ден една од друга

Приказна за две сестри, кои се породија во иста болница на само еден ден една од друга, стана хит на интернет.

Мекензи Рут и Алиша Орсин, кои исто така слават роденден на само еден ден разлика, им посакаа добредојде на своите бебенца на 7 и 8 октомври. Радоста во нивното семејство била неизмерна.

Сестри

Мекензи се породила во медицинскиот центар „Lankenau“, каде што сестра ѝ Алиша работи како медицинска сестра во одделот за породување. На 7 октомври таа ја родила својата ќеркичка Селин.

Иако имала уште две недели до предвидениот термин за породување, неколку часа по започнувањето на работната смена, Алиша почувствувала силни контракции и веднаш била упатена кон породилната сала.

Нејзината ќеркичка Лајла пристигна на овој свет на 8 октомври.

Сестри

Бидејќи биле истовремено бремени, тие се шегувале дека може да се случи децата да им се родат во краток период, но не ни сонувале дека навистина тоа може да се случи.

„Ние се шегувавме за тоа постојано, бидејќи нашите родендени се само еден ден разлика. Јас постојано велев: ‘Ох, навистина ли ќе биде смешно тоа?’“ – изјавила Алиша, која требало да се породи на 18 октомври.

Сестри Сестри

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.