NESTLÉ, светски лидер во прехранбената индустрија, следејќи ги потребите и очекувањата на љубителите на темната напивка, ги промовираше двата нови вкуса од палетата на NESCAFÉ Classic, NESCAFÉ Classic Smooth & Rich, Strong и Mild. Во утрински, природен и опуштен амбиент, под густите сенки на Градскиот Парк во Скопје, присутните имаа шанса поблиску да се запознаат со новите вкусови, со нивите карактеристики и со процесот на производство на водечкиот бренд на инстант кафе - NESCAFÉ.
Под мотото „100% кафе“, тројцата водители Виктор Петров - Викса, Елена Стојановска и Огнен Јанески низ интересно шоу ја раскажаа својата утринска приказна, а целокупниот концепт беше поддржан и од специјалните гости.
Експертот нутриционист Цвета Динева подетално ги доближи својствата и дејствата на 100% кафе NESCAFÉ, истакнувајќи дека најдобриот и најздравиот начин да се консумира кафето е само со топла вода.
„Кафето во себе содржи дури 800 ароматици, па за најдобро да се почувствува и аромата и вкусот, секогаш препорачувам да се пие чисто. Истовремено, нутритивниот ефект е далеку поголем доколку не внесуваме никакви додатоци“, рече нутриционистот Цвета Динева.
Како надополнување на целиот концепт беше и гостувањето на Маја Платнар – професионален готвач на „жива” и 100% природна храна, која презентираше рецепти со исклучиво сирови состојки, инспирирани токму од NESCAFÉ.
Новите вкусови NESCAFÉ Classic Strong и Mild веќе се достапни на сите продажни места низ Македонија, и тоа во пакувања од 200 и 100 грама, додека добро познатото NESCAFÉ Classic Smooth & Rich е достапно во 250, 100, 75, 50 и 2 грама.
NESCAFÉ Classic е 100% растворливо кафе со интензивна арома и 100% кафе добиено со екстракција на растопливи компоненти од печени зрна на внимателно одбрано кафе.
NESCAFÉ Classic Strong содржи 100% Robusta кафе, со збогатена арома и вкус, додека NESCAFÉ Classic Mild е комбинација на Robusta и Arabica кафе, полно со вкус и помала доза на горчина.
Промотивен текст