Почетна » Новости » Занимливости » „Дали јадеш нешто?“: По добиени бројни критики за тежината, жена апелира да запре исмејувањето на слабите луѓе

„Дали јадеш нешто?“: По добиени бројни критики за тежината, жена апелира да запре исмејувањето на слабите луѓе

Блогерка започнува тема на која смета дека ретко се зборува, а тоа е исмејувањето на слабите луѓе.

Кејтлин Фледаџер наброја дел од коментарите кои ги добила на нејзина профилна фотографија на која позира во кратки панталони. Целта на објавата била да укаже дека не е во ред да се коментира за тежината на луѓето, без оглед на тоа дали тие се слаби или дебели.

„Јади хамбургер“,„Дали јадеш нешто?“, „Мажите сакаат девојки со месо на коските“ – ова се само некои од коментарите кои ги добива Кејтлин, а со кои се имаат соочено и многу други личности.

Кејтлин Фледаџер

Откако го објавив ова како профилна фотографија, ова се некои од коментарите кои ги добив:

„Wow, поради тебе крупните луѓе се чувствуваат непријатно.“

„Дали јадеш нешто? Каков е твојот однос кон храната?“

„Да, јас сум за прифаќање на телото, но таа е преслаба.“

„Веројатно се соочува со нарушување во исхраната или се опоравува од некаква зависност.“

„Сигурно е убаво да се биде слаб. Јас се прегладнувам себеси и не сум.“

„Фотографии како оваа ѝ покажуваат на ќерка ти уште од мали нозе дека треба да биде слаба како тебе. Жалосно.“

Исмејувањето на слабите луѓе е голем проблем за кој не се зборува доволно.

Секогаш нè учат да не коментираме за туѓото тело, да не прашуваме ако некој качил килограми. Но, кога стана ОК да се коментира дека некој е слаб и да се претпоставува дека се дрогира, се прегладнува себеси или дека е нездрав?

Ве молам запомнете дека и исмејувањето на слабите луѓе е проблем и дека боли.

„Јади хамбургер.“

„Мажите сакаат девојки со месо на коските.“

„Побрзо би била убава и здрава одошто да сум големина XXS!“

Не сите слаби луѓе се изгладнуваат себеси или се нездрави. За некои од нас, такви се нашите тела. Такви сме ние.

Престанете да коментирате за тежината на луѓето, без разлика дали се мали или големи.

Не е ваше тело, не е ваша работа.

Кејтлин е мајка на две деца.

Кејтлин Фледаџер Кејтлин Фледаџер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21649 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.