Мари-Луис и Рене Глемарек ќе ве уверат дека можеш да зачекориш во модниот свет на било која возраст.
Брачните партнери, кои се во деветтата деценија од животот, позираа за модна кампања на брендот на нивниот внук, а беа дел и од неколку изданија на Париската недела на модата.
Нивниот внук Флорентин е основач на брендот за унисекс облека „Egon Lab“. Тие редовно носат креации со негов потпис.
„Се чувствуваме како ѕвезди, но ви ветуваме дека славата нема да нè удри во глава“ – велат тие.
Љубовната романса на Мари-Луис и Рене трае веќе 65 години.