За време на својата турнеја низ Шкотска, војвотката Кетрин издвои време за да се сретне со девојче болно од рак.
39-годишната сопруга на принцот Вилијам се запозна со малата Мила Шнедон и исполнувајќи го своето ветување, носеше фустан во омилената боја на девојчето.
За средбата во Холирудската палата во Единбург, Кетрин носеше розов фустан од ME+EM. Мила изгледаше како мала принцеза во нежно фустанче и тијара на главата.
ВИДЕО:
Фотографија на која Мила преку стакло го бакнува својот татко стана хит минатата година и беше вклучена во книгата на Кетрин со фотографии кои го отсликуваат животот во пандемија.