Почетна » Новости » Занимливости » Внук ја изненади баба си со професионална фотосесија откако дозна дека била модел во младоста

Внук ја изненади баба си со професионална фотосесија откако дозна дека била модел во младоста

Грижлив внук ѝ приреди слатко изненадување на баба си откако дозна дека таа работела како интернационален модел во минатото.

Оли Мул ангажираше тим од професионалци за фотосесија во Париз, во која главна ѕвезда е баба му Карин. Но, ниту 20-годишниот дечко, ниту 77-годишната баба не мислеле дека ќе станат вирален хит онлајн. Прегледите на видеата на Оли се милионски, а коментарите се полни со комплименти за двајцата.

Оли Мул Оли Мул

На дел од фотографиите, Оли позира заедно со Карин, а на некои се појавува и неговиот дедо.

„Секогаш ми беше фасцинантно да ја слушам како зборува за нејзиниот гламурозен живот пред да стане мајка и баба. Сакав да ѝ дадам шанса да ја оживее таа страст и да се врати во центарот на вниманието. Има направено премногу за мене, па ова беше мој начин да ја испочитувам за сè што ми има дадено“ – рекол Оли.

Оли Мул Оли Мул Оли Мул Оли Мул Оли Мул Оли Мул Оли Мул Оли Мул

Од компанијата Dove контактираа со Оли за да ги искористат фотографиите од Карин за нивна реклама.

@olliemuhl Grandma is officially a @Dove Beauty & Personal Care model #DovePartner #DoveBeautyBar #BeautyNeverGetsOld ♬ original sound - Ollie

„Тимот ангажиран за фотосесијата се погрижи стајлинзите да го рефлектираат нејзиниот карактер и ерата од којашто доаѓа, што беше многу специјално. Таа беше пресреќна со крајниот резултат – тој навистина ја отслика нејзината елеганција и нејзиниот стил“ – објаснил внукот.

„Видов страна од неа која само ја слушав во приказните и гледав фотографии. Целиот проект не беше само потсетување на старите спомени, туку и создавање на нови заеднички. Беше незаборавно“ – додал тој.

Оли Мул Оли Мул
@olliemuhl

I better be the favorite grandchild after this A huge thanks to everybody that helped to make this happen. Truly a special moment for my grandma.

♬ original sound - Ollie

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20776 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.