Елена Бубало е неуморна фитнес зависничка која не се откажува од вежбањето ниту кога е во блажена состојба.
Инспиративната инструкторка од Скопје моментално е бремена со трето дете, но тоа не ја спречува да ги прави тренинзите кои ги сака.
Таа сними видено во кое покажува како вежба со тегови и доби многу комплименти:
„Моја инспирација и идол“, „Единствена“ и „Најјака мајка“ – ова се дел од коментарите на нејзиното видео.
Во интервју за Femina.mk, на прашањето „На што треба најмногу да внимаваат трудниците доколку тренираат во текот на бременоста?“, Бубало одговори:
„Тоа е индивидуално и зависи од типот на бременоста. Но, има генерални работи на кои треба да се внимава. На пример, една од најважните работи е пулсот кој мора да се регулира во текот на целиот тернинг, за да не се донесе плодот во хипооксична состојба (намален дотур на кислород). Нормално вежби за стомакот, вежби со скокови се избегнуваат како и вежби кои можат да предизвикаат повреда и се поризични. Но, наспроти ова има многу други работи што смеат да се прават и вежбаат, но тоа да биде со правилно одбран тренер и консултација со доктор.“
Елена и нејзиниот сопруг Атанас Михајловски имаат уште две деца – синчето Андреј и ќеркичката Зои.