Неколку денови пред стартот на Летните олимписки игри во Париз, магични фотографии од Месечината станаа вирален хит.
На нив, Месечината свети зад симболот на спортскиот настан, олимписките прстени, кои во моментов се поставени на Ајфеловата кула во чест на претстојното случување. Моментот во совршениот тајминг го овековечи фотографот Грег Мартин.
„Ретка прилика да се овековечи вакво нешто, особено кога олимписките прстени се на Ајфеловата кула“ – напиша тој.
И други фотографи ги споделија своите дела од истиот момент.
ЛОИ започнуваат утре, а ќе траат до 11 август.