Почетна » Новости » Занимливости » Виолинист роден со недоразвиена рака инспирира да не се откажуваме од соништата

Виолинист роден со недоразвиена рака инспирира да не се откажуваме од соништата

Адријан Анантаван е вистинска инспирација. Иако е роден со недоволно развиена рака, денес е успешен виолинист кој ги следи своите соништа.

„Многу често му дозволуваме на стравот да нè спречи во постигнувањето нешто. Мојата приказна се состои од постојано обидување, прифаќање на неуспесите и гледање какви ќе бидат резултатите“ – вели Адријан.

Адријан Анантаван

Во петто одделение, учителката по музичко на Адријан сакала сите деца да научат да свират некој инструмент. Па, Андријан и неговите родители ја избрале виолината како „најубав инструмент“.

Тие контактирале со болница во Торонто за да пронајдат начин како да креираат додаток кој ќе му помогне на Адријан да го држи гудалото. Тим од инженери смислија направа која тој ја користи до ден-денес.

Адријан Анантаван

„Од првата нота која ја отсвирив, навистина ме привлече звукот“ – вели Анантаван, кој сака да инспирира и други лица со физички недостатоци да се обидат да се пронајдат во музиката и да не се плашат да ги следат своите соништа.

„Моја должност и работа е да ја користам оваа платформа за да покажам што може да направи личност со физички недостаток. Никогаш не знаеш кој гледа од публиката или кој ќе биде трогнат или инспириран за да направи промена во својот живот“ – објаснува Адријан.

Тој на Instagram споделува видеа од своите настапи.

Адријан Анантаван

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20752 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.