Грчењето е голем проблем со кој се соочуваат многу брачни парови. Илјадници жени низ светот преземаат најразлични мерки за да го спречат досадното грчење на нивните сопрузи.
Но, една жена од Јужна Каролина (САД) решила да преземе малку поекстремни мерки и викнала полиција со цел да го уапсат нејзиниот сопруг за гласно грчење.
Според полицискиот извештај, жената чие име не е објавено се обидувала да заспие, но нејзиниот сопруг непрекинато грчел. Откако неколку пати се обидела со туркање да го натера да престане, го разбудила и му наредила да оди во другата соба.
Кога тој заминал во другата соба, таа повторно не можела да заспие затоа што звукот од неговото грчење сè уште допирал до нејзините уши. Жената го изгубила трпението и започнала жестока расправија со сопругот, притоа заканувајќи му се дека ќе викне полиција поради неговото грчење.
Иако сопругот не ја сопрел да го направи телефонскиот повик, очигледно решил дека не сака да се соочува со полицијата. Пред да пристигна полициските службеници, тој ја напуштил куќата со зборовите: „Ќе треба SWAT тим за да ме приведе“.