Почетна » Новости » Занимливости » „Вие сте нашиот дар од Бога“: Слатка фотосесија на четворката од Штип за нивниот прв роденден

„Вие сте нашиот дар од Бога“: Слатка фотосесија на четворката од Штип за нивниот прв роденден

Семејството Зикови од Штип денес има специјален повод за славење. Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина наполнија една година.

По повод првиот роденден на слатката четворка, родителите Благица и Александар споделија фотографии од дечињата.

Зикови

Среќната мајка напиша и емотивна порака за оваа година полна со љубов:

Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради го чувствував вашиот бебешки мирис, не ни помислував колку брзо ќе пораснете и еве денес полните една годинка.

Една година исполнета со бебешки звуци, со многу галење, гушкање со мамичка и татичко.

Вие сте нашиот дар од Бога. Имајте среќно и благословено безгрижно детство.

Мама и тато ќе направат сè да ја добиете најголемата љубов во вашето детство.

Растете ми растете мали мои дечиња.

Дека ви е среќен првиот роденден.

Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови

Благица и Александар ги добија своите малечки по четири години борба со неплодноста.

„Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме... Како што велат постарите: ‘Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува’“.

„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Волшебно нешто. Прекрасно, радосно, необјасниво чувство, само си реков во себе: ‘Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено’“ – рече Благица за Femina.mk.

Зикови

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.