Свештеник од Шведска ја зголемува посетеноста во лутеранската црква „All Saints“ во Стокхолм со техно музика и диско ласери.
Со цел да ги привлече младите луѓе кои сè поретко ги посетувале неделните мисли, свештеникот Оле Идестром во црквата организира вистинска техно забава со електронски звуци. Тој изјавил дека досега реакциите на луѓето се одлични.
„Веќе има хип-хоп миса, има рок миса и џез миса“ – изјавил 28-годишниот свештеник за Associated Press.
Кога тој за првпат подготвил ваква нетрадиционална миса во април, имало толку голем интерес што морал да врати дома некои од верниците.
„Не очекувавме дека ќе биде толку популарна. Навистина постигнавме голем успех. Благодарни сме за ова, фантастично е што луѓето кои во друг случај не би дошле во црква, сега сакаат да доаѓаат на миса во петок навечер. Живееме во 21. век и не очекував дека пуштањето на ваква музика би било толку спектакуларно, но изгледа дека е“ – изјавил тој.
„Беше супер забавно. Пред да дојдам не мислев дека ќе биде толку добро“ – изјавила 15-годишна девојка присутна на една од мисите.