Анди Исмаили со извонреден настап одушеви во финалето на хрватското шоу „Суперталент“, но за жал не успеа да го освои првото место.
15-годишното момче од Гостивар, кое е светски шампион во современи танци, со емоции танцуваше на песната „Caruso“.
Изведбата на Анди ѝ ги насолзи очите на Мартина Томчиќ која му рече: „Ова беше најубавата болка која некогаш сум ја видела. Ти навистина ова го заслужуваш. Заслужуваш што си овде вечерва“.
Видео:
Само пофалби беа упатени до талентираното момче и од останатите членови на жирито.
„Имаш извонреден талент“ – му рече Фабијан Павао Медвешек на Анди.
На аудициите, Анди откри дека бил константно исмејуван поради изборот да стане танчар, но дека токму поради тоа тој денес е посилна личност.
„Во мојот град многу ме малтретираат. Тоа се случува секојдневно, 24/7. Кога луѓето ќе видат машки танчар, тоа им е нешто невообичаено. Затоа не сум изненаден. Еднаш ми се случи доста трауматично нешто. Една наставничка ми рече нешто многу навредливо. Кога еден тинејџер ќе слушне нешто такво, тоа веднаш му ја уништува самодовербата. Разбирам тоа да доаѓа од учениците. Да си малтретиран е фаза, тоа е нешто низ што сите минуваме. Но, од возрасна жена, не мислам дека е во ред.“
„Ме направи посилен. Поради тоа сум подобра и посилна верзија од себе“ – рекол тој.