Мајк Томпкинс е еден од ретките музичари кои секогаш се оригинални и забавни. Тој произведува различни звуци користејќи ја единствено својата уста, а потоа со помош на монтирање создава интересни верзии на познатите хитови.
Последниот негов хит е обработката на песната „Only Girl“ на Ријана. Со помош на неговиот пријател, раперот Шед, Мајк создаде нестандардна верзија на „Only Girl“ којашто е погледната скоро 1 милион пати на YouTube.
Па еве како „Only Girl“ од устата на Мајк.
Еве и еден негов постар микс на песните „Teenage Dream“ од Кети Пери и „Just the way you are“ од Бруно Марс.