Сара Чурман трпеливо чекала 29 години за да може да се слушне како зборува, плаче и се смее. Кога моментот конечно дошол, нејзиниот сопруг го снимил со камера и емотивната снимка се претвори во интернет сензација.
Во видеото Сара започнува да плаче кога медицинската сестра за првпат го приклучува уредот кој ѝ помогна да си го врати слухот.
Сара била родена со ретка генетска деформација и носела слушни помагала од својата втора година од животот. Но, тие не ѝ помагале многу, па во текот на досегашниот живот се потпирала на својата способност за читање од усни.
Миксот од нејзините силни емоции освои милиони луѓе низ светот, кои сè уште ги споделуваат впечатоците од видеото и ѝ испраќаат искрени поздрави и честитки на Сара.
Видеото на Сара на YouTube е прегледано повеќе од 5 милиони пати. Погледнете го и вие: