Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Невкусна шега на училиште – родители ги бакнуваат своите деца

ВИДЕО: Невкусна шега на училиште – родители ги бакнуваат своите деца

Средно училиште во Минесота ја шокира јавноста и доби многу критики откако организира невкусна шега за дел од своите ученици. Иако идејата била настанот да е забавен, по објавувањето на видео на YouTube, критиките не стивнуваат.

На собир на учениците пред спортски натпревар, на капитените на екипите им биле врзани очите со превез и им било кажано дека ќе бидат бакнати од „некој специјален“. Сите тие очекувале да бидат бакнати од некој од соучениците, но бакнежот им бил подарен од нивните родители.

Во видеото, татковците ги бакнуваат ќерките, а мајките ги бакнуваат синовите. Некои од бакнежите траат и по неколку секунди. Еден од „паровите“ за време на бакнувањето паѓа на подот, а една од мајките му ја поставува раката на својот син околу половината, но изгледа како тој да ја поставува малку подолу.

Откако бакнувањето завршило, капитените погодуваат кој ги бакнал. „Хм, имаше сочни усни“ – изјавува еден од капитените пред да си ги одврзе очите и да ја здогледа својата мајка.

Директорот на училиштето излегол со јавно извинување за невкусната шега. „Оваа активност требаше да биде забавна, но некои сметаат дека е навредлива. Им се извинуваме на сите кои беа навредени од оваа активност“ – изјавил директорот Џон Волерсхајм.

Многумина на YouTube се згрозени од настанот и вината ја префрлаат кај родителите затоа што ним не им биле врзани очите и знаеле точно што прават.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.