Беки О’Брајан ги одушеви жирито и публиката на аудициите на „Britain's Got Talent“.
Беки е мајка на пет деца која пред три години се развела од својот насилен сопруг, откако ја нападнал во болница неколку дена по раѓањето на нивните близнаци.
Пред настапот таа изјави дека досега не се пријавила на шоуто, бидејќи била фокусирана на грижата за своите деца, особено близнаците кои биле родени два месеци предвреме.
Најстариот син на Беки ѝ дал идеја да се пријави на музичкото шоу и да го покаже пред светот својот прекрасен глас.
Погледнете ја емотивната изведба на 34-годишната мајка на песната „Somewhere Over the Rainbow“.
И покрај лошите периоди низ кои поминала, Беки е позитивна личност. „Не сакам луѓето да ме гледаат и да ме сожалуваат. Јас не сум тажна личност. Всушност, јас сум среќна личност“ – изјавила О’Брајан.