Алис Фреденам ја исправи публиката на нозе и заслужено доби громогласен аплауз по импресивната изведба на „My Funny Valentine“ во шоуто „Britain’s Got Talent“.
Убавата девојка срамежливо се појави на сцената, но успеа да ја победи тремата и да дозволи да блесне нејзиниот талент.
„Ова го чекав. Твојот глас е како течно злато“ – искоментирал Сајмон по впечатливиот настап.
28-годишната девојка објаснила дека се појавила на аудициите сама за да не разочара никој близок во случај да не успее.
„Не сакав никого да разочарам“ – изјавила таа по завршувањето на аудицијата.
Погледнете ја изведбата на големата балада: