Арисксандра Либантино за првпат се качи на сцената на шоуто „Britain’s Got Talent“ пред две години, но не беше доволно силен конкурент за да ги помине почетните елиминации. Оваа година таа се врати со неверојатна изведба на баладата „One Night Only“, па немаше шанси да добие „Х“ од жири-комисијата.
11-годишното девојче со голема контрола на гласот го отпеа хитот на Џенифер Хадсон и буквално ја крена целата публика на нозе. Погледнете го нејзиниот настап.