Снимка од тригодишно дете кое се разлути затоа што доби книги како божиќен подарок стана нов интернет хит.
Во видеото, малото дете седи меѓу многу подароци и возбудено одвиткува еден од подароците што ги добило за Божиќ.
Но, кога ќе види дека подарокот е всушност 3 книги, разлутено извикува: „Книги!? Книги за Божиќ? Што е ова?... Јас не добивам книги за Божиќ. Ги мразам“.
Откако таткото го поставил видеото на YouTube, се појавиле и многу коментари дека детето е разгалено, па таткото ја оневозможил опцијата за коментирање и дал објаснување за однесувањето на неговото дете.
Тој објаснил дека детето сметало дека за Божиќ се добиваат само играчки и дека реакцијата на детето била уште посилна бидејќи тој и неговата сопруга започнале да му се смеат.
Сепак, и покрај негативните реакции, видеото е навистина забавно.