Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Инвентивна божиќна реклама за градници

ВИДЕО: Инвентивна божиќна реклама за градници

Новата божиќна реклама на брендот за долна облека La Senza привлече големо внимание и веќе има повеќе од 1 милион кликови на YouTube.

Во видеото, седум девојки ги пеат нотите на божиќната песна „Deck the Halls“, во зависност од големината на својот градник. Секоја девојка носи градник со различна големина од A до G и ја пее соодветната нота.

Кадар од рекламатаКадар од рекламата

Компанијата создала и сајт на кој се прикажани седумте жени како лежат и секој посетител може со притискање на тастатурата (или со глувчето) да направи жените да пеат и да си создава своја мелодија.

Ако сте расположени да влезете во улога на „диригент“, кликнете овде.

Рекламата и сајтот биле создадени со цел да го привлечат вниманието на посилниот пол пред празниците, т.е. да им помогнат на мажите полесно да се справат со божиќниот шопинг, но од компанијата се надеваат дека и на жените ќе им биде доста интересно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.