Израелката Орит Фокс изгледаше како добро да се снаоѓа со големата змија со која требаше да настапи на телевизија и самоуверено ја оставаше да се витка околу нејзините нозе и нејзиниот врат. Но, змиите знаат да бидат непредвидливи.
Во еден момент змијата ненадејно ја касна Фокс за градата. Еден од присутните брзо ѝ помогна на актерката да ја тргне змијата од својата града.
По инцидентот, моделот со силиконски гради доби само вакцина против тетанус, бидејќи змијата не беше отровна. Но, змијата немаше толку среќа и умре од труење со силикон.