Девојка, која доживеала голема семејна трагедија, одушеви на аудициите на „America’s Got Talent“.
29-годишната Џеј пред 10 години ги изгубила своите родители, а сега пееше во нивна чест на музичкото шоу.
Пред да настапи со емотивната песна „Lost Without You“, таа раскажа дека мајка ѝ, татко ѝ и тетка ѝ биле убиени пред нејзините очи.
По потресниот настан, Џеј морала комплетно да ја преземе грижата за семејството и да се откаже од своите соништа.
„Конечно одлучив да се фокусирам на мојата музика, во која знам дека уживаа и моите родители. И навистина се надевам дека се среќни што ме гледаат тука денес“ – ијзави Џеј.
Видео:
„Сметам дека тоа што го направи беше неверојатно. Да можеш да отпееш таква песна, со таков текст, додека ги имаш сите тие спомени во главата, е извонредно. Сметам дека ти си неверојатна личност“ – ѝ рече судијата Сајмон Кауел.
Џеј доби четири „ДА“ од жирито.