Почетна » Новости » Занимливости » Ви откриваме како да направите совршено крцкав домашен леб со Gorenje

Ви откриваме како да направите совршено крцкав домашен леб со Gorenje

Има ли поубав мирис во куќата од мирисот на свежо испечен домашен леб, кој штотуку е изваден од рерна на дрва? Тоа е мирис кој нè враќа во детството, во кујната на нашата баба, во куќата која беше исполнета со топлина и мирис што создаваше чувство за дом.

Денес, благодарение на напредната технологија, не треба да имате печка на дрва за да направите леб како што правеше вашата баба. Со неколку едноставни совети и вие можете да печете леб со совршено крцкава кора и мека, воздушна внатрешност. Ви откриваме како да го постигнете тоа!

Gorenje

Користете пареа за да постигнете крцкава кора

Ако сакате добра, крцкава кора, постојат различни техники за да ја добиете, како што се различни температури на рерната, огноотпорни садови за печење, разни премази... Сепак, наједноставно решение е функцијата ExtraSteam, која ја имаат Gorenje OptiBake рерните и која ја создава пареа во внатрешноста и гарантира дека вашиот леб ќе има крцкава кора. Сè што треба да направите е да истурите малку вода во специјалниот дел од десната страна, да ја изберете оваа програма и да ја оставите рерната да си ја заврши работата.

Gorenje

Облик на рерната

Правилното месење, мешање, хидратација и додавање на различни масти како млеко, масло или путер секако може да помогне да се постигне совршено меко тесто. Но, ништо не помага како заоблената форма на рерната, која е слична на шпоретот на дрва. Нејзината конструкција овозможува топлиот воздух да циркулира слободно, обезбедувајќи рамномерно загревање од сите страни. Како резултат на тоа, лебот секогаш ќе излезе совршен - со вкусна, крцкава кора и висок раст.

За да не ви изгори ниту еден дел од лебот

Нерамномерното печење е секогаш најголемиот страв при подготовка на леб. Секако, можете да избегнете препекување на горниот дел со покривање на лебот со алуминиумска фолија или едноставно вртење на лебот за време на печењето, но има многу полесни начини да го постигнете тоа. Gorenje HomeMade технологијата гарантира подобра циркулација на воздухот и благодарение на неа температурата останува стабилна низ рерната. Gorenje OptiBake рерните имаат иновативен дизајн на грејач и подобрена дистрибуција на отворите за вентилација, така што вашиот леб секогаш ќе биде рамномерно печен, никогаш нема да биде изгорен од едната и недоволно печен од другата страна. Дополнително, оптимизираниот дизајн на рерната и конзистентната дистрибуција на топлина ги прават рерните енергетски поефикасни.

Значи, без разлика дали сте искусен пекар или штотуку почнувате, овие неколку совети ќе ви помогнат секој пат да печете совршен домашен леб. Со помош на модерната технологија и иновативните апарати на Gorenje, кои се вашиот најдобар сојузник во кујната, секоја кулинарска авантура ќе ви биде вистинско задоволство!

Gorenje

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.