Групацијата Ерсте успешно продолжува да ни покажува што е најважно за време на празниците.
Овогодишната кампања со хаштаг #believeinchristmas допира проблем кој на сите нас ни е добро познат оваа година – енергетската криза. Во видеото е прикажано мирно село кое се подготвува да ги прослави празниците. Но, одеднаш се појавува злобен лик, кој ги саботира резервоарите за гориво на автомобилите и ја исклучува струјата.
Наместо жителите од селото да дозволат тоа да им ги уништи празниците, тие решаваат дека ништо нема да ги спречи да го прослават Божиќ.
„Верувај во Божиќ“ – е пораката на Ерсте.