Венко Филипче соопшти дека во февруари нашата држава ќе ги добие првите дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против КОВИД-19.

Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината.
Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.
Филипче
