Почетна » Новости » Занимливости » Велосипедите пред автомобилите: Париз планира да стане 100% вело град до 2026 година

Велосипедите пред автомобилите: Париз планира да стане 100% вело град до 2026 година

Париз ги објави плановите да стане тотално велосипедски град во претстојните неколку години.

Во периодот до 2026 година, француската метропола планира да изгради нови велосипедски патеки долги 180 километри и да го утрои бројот на паркинг места за велосипеди, додавајќи 130 илјади нови паркинзи. Планирано е да се отстранат половината од паркинзите на автомобили.

Париз

Долго време, Париз важеше за град кој се гушеше во сообраќаен метеж, но планот на градоначалничката, Ана Идалго, е целосно да ја промени таа слика и да го промени односот на жителите кон велосипедизмот. Таа вети дека ќе направи еколошка трансформација на Париз и се чини дека е на добар пат.

Париз Париз Париз

Во планот се предвидува семафорите да им даваат предност на велосипедистите, на автобусите и на трамваите, а не на автомобилите како што беше досега.

Пред неколку недели стапи во сила одлуката да се ограничи максималната брзина на возење автомобили на 30 километри на час.

Возењето велосипед нуди многу придобивки. Тоа не само што ја подобрува физичката кондиција, туку и е добро за здравјето на срцето, зглобовите и мускулите.

Париз Париз Париз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18980 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.