Почетна » Новости » Занимливости » Бура од емоции: Невеста рони солзи на првиот свадбен танц во подрум по евакуација од торнадо

Бура од емоции: Невеста рони солзи на првиот свадбен танц во подрум по евакуација од торнадо

Никогаш не можеме комплетно да ги предвидиме околностите под кои ќе се одвива свадбената прослава.

Пар од Висконсин беше принуден да го одигра првиот свадбен танц во подрумот од хотелскиот ресорт, каде беше евакуирани поради најава за торнадо.

свадба

Емотивната невеста не можеше да си ги задржи солзите додека танцуваше со саканиот, а сите присутни лица ја пееја „Perfect“ од Ед Ширен и светеа со мобилните телефони.

„Како хор од ангели да ни пееше серенада“ – рекла Сара.

@jkjones5 A tornado in Lake Geneva brought a wedding party into the basement of the hotel where our family reunion was happening! They hadn’t had their first dance yet and I happened to have my guitar. The power was out so everyone put up their flashlights and we tried to give the bride and groom a special moment. I’m extremely grateful I was able to sub in to sing and congratulations to the happy couple! @Schilkus @Sarah Hipke #foryou #foryoupage #perfect #wedding #tiktok #tornado #edsheeran #musician #viral #blackout #lakegeneva #dancinginthedark #flashlight ♬ original sound - Jack Jones

Момчето коешто пееше и свиреше на гитара воопшто не било дел од гостите на свадбената прослава на Алекс и Сара. Тој се викал Џон и бил гостин во ресортот кој заедно со семејството се засолнил во подрумот.

Кога ја виделе Сара во венчаница, Џон и неговото семејство ја запрашале дали веќе го имаат одиграно првиот свадбен танц. Кога таа одговорила „Не“, тие знаеле што треба да направат.

свадба свадба свадба свадба свадба

„Имам фотографирано околу 200 свадби досега, а ова е најкул момент што некогаш сум успеал да го овековечам“ - изјавил фотографот.

„Сите можеа да почувствуваат колку посебна енергија имаше во собата. Тоа е еден од оние животни моменти кои се непланирани. Воопшто не можев да си дозволам да заплачам, бидејќи пеев, но гледав наоколу и моето семејство плачеше. Невестата и младоженецот плачеа. Беше многу емотивно за сите“ - изјавил пејачот.

свадба свадба свадба свадба

Пред бурата, Сара и Алекс успеале да си направат неколку свадбени фотографии под отворено небо.

свадба свадба свадба свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.