Мајка сподели фотографија од нејзиниот преморен сопруг како спие на болнички под по 12-часовната смена на работа и стана вирален хит.
Сара Данкан од Мисури морала да го однесе најмалото дете во Итна помош во 2 часот наутро. И покрај тоа што бил исцрпен од работа, нејзиниот сопруг Џо не сакал да ја остави сама да се справува со ситуацијата, па без двоумење заминал со неа на болница.
Еве ја нејзината објава:
Ајде да зборуваме за ова, бидејќи не добива доволно внимание...
Она што можеби вие го гледате е Татко кој спие додека Мама е будна и го држи нивното заспано бебе во собата за Итна помош во 2 часот наутро.
Она што јас го гледам е заспан Татко на тврд под во собата за Итна помош откако работел 12-часовни смени, шест дена во неделата, во последниот месец, и покрај тоа што сопругата го замолила да остане дома и да се одмори. Сé затоа што не сакаше неговите малечки да бидат сами на болница.
Бидејќи не сакаше неговата сопруга да го прави ова сама, без разлика колку е тој истоштен.
Бракот и родителството не се делат 50/50.
Да, во некои денови е така, но во други е 60/40, 70/30, па дури и 80/20. И треба да имаш волја да го носиш твојот товар, без разлика какви потреби има твојот партнер тој ден.
Ова е љубов. Ова значи да си сопруг. Ова значи да си Тато. И не би сакала да го живеам овој живот со никој друг. Фала ти за сé што правиш за нас, Тато! Те сакаме!
Сара ја споделила фотографијата за да пренесе порака дека обврските поврзани со родителството не се делат на пола меѓу партнерите и дека бракот не е секогаш совршен, но дека вреди.
„Го објавив ова од дното на моето срце, бидејќи знам дека не му давам доволно признание на сопругот за тоа колку е феноменален како сопруг и татко. Можам да му кажам, но тоа нема да е доволно. Навистина сакам луѓето да знаат дека нема да биде секогаш совршено, но дека секогаш ќе вреди“ – изјавила таа.