Почетна » Новости » Занимливости » Браво: Цел хокеј тим се обедини за да ја израдува ќеркичката на покоен колега за 2-риот роденден

Браво: Цел хокеј тим се обедини за да ја израдува ќеркичката на покоен колега за 2-риот роденден

Колку и да се мали, добрите дела направени со љубов секогаш имаат големо значење.

По трагичната смрт на хокеарот Џони Гурдо, сите негови колеги од тимот Колумбус Блу Џекетс се обединија за заедно да ја изненадат неговата ќеркичка за 2-риот роденден.

Спортистите се собраа пред нивниот дом и позираа покрај знак на кој со големи букви пишуваше: „Среќен 2-ри роденден Ноа!“.

„Ви испраќаме многу љубов од вашата Џекетс фамилија“ - стои во описот.

Спортисти

Џони и неговиот брат Метју починаа во август оваа година откако биле удрени од пијан возач додека возеле велосипеди.

Само шест месеци пред смртта, Џони и неговата сопруга Мередит го добија второто детенце, а сега таа го носи и нивното трето дете.

„Со Џони ги имавме најубавите шест месеци како четиричлено семејство. Тие засекогаш ќе бидат најдобрите шест месеци во мојот живот. Ние сега сме всушност петчлено семејство. Јас сум во деветтата недела од бременоста со нашето трето дете“ – изјавила Мередит на погребот.

Гурдо Гурдо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.