Џоди Гринхам постигна неверојатен успех на Параолимпијадата во Париз и тоа во седмиот месец од бременоста.
Откако освои бронза во индивидуалната категорија, 31-годишната Британка успеа да стигне и до златниот медал во парови. Таа се натпреваруваше заедно со својот колега Нејтан Меквин за победничката титула.
Во едно интервју по освојувањето на медалите, Гринхам изјави дека се обидувала да ја намери целта во индивидуалното натпреварување, кога бебето започнало да клоцна и морала за момент да запре и да се осигури дека сè е во ред.
Веднаш потоа, таа ја истрела стрелата и го освои бронзениот медал.
Џоди моментално го носи своето второ дете, а на спортскиот натпревар ја претставува Велика Британија.
Гринхам била родена со недоразвиена лева рака и била првата личност со ваков физички недостаток која се обидела да се занимава со стрелаштво.
Таа вели дека љубовта кон овој спорт ѝ е наследена од татко ѝ.
Џоди призна дека не планирала да го одложи зачнувањето на бебенце поради Параолимпијадата, бидејќи две изданија претходно ја одложувала бременоста само за да се натпреварува.
„Ова беше одлука која ја донесовме со мојот партнер, бидејќи сметавме дека тоа е најдоброто за нашата фамилија. По Параолимпијадата во Рио имаше Зика вирус, па никој не сакаше да се обидува за бебе тогаш. Ја одложувавме бременоста и за натпреварувањето во Токио, па потоа имавме проблеми за да го зачнеме нашиот син. И решивме да не го правиме тоа повторно.“
„Знам како е да имаш бебе и како е да изгубиш бебе. Тоа се нешта во животот кои не можеш да ги избегнеш и да ги промениш. Па, сакав да можам да ги направам двете, знаев дека можам да ги направам двете работи. Знаев како се однесува бебенцето. Бев здрава и знаев дека ќе можам да го направам тоа“ – објаснила Џоди.