Американец, кој некое време живее во Србија, направи прекрасен гест со кој израдува старица која продава цвеќе на улица.
Џибри Бел е познат на социјалните мрежи, а во моментов има мисија да ја промовира Србија. Кога ја видел баба Анка како продава цвеќиња на улицата Кнез Михаилова во Белград, не можел да остане рамнодушен. Тој ѝ ги купил сите цвеќиња и ѝ оставил голем бакшиш, а таа била пресреќна.
„Видов дека таа продава цвеќиња од утрото до крајот на вечерта... Ја сакам оваа земја“ – напиша тој.
Кон средината на видеото, Џибри ја прашува жената дали некогаш била во Америка, а таа му одговара:
„Не сум била. Ние сме сиромашни, немаме пари. Немаме пари сине“.
„Имаш срце, имаш сè“ – ѝ возвраќа тој.
@jibribell A beautiful moment in the streets of Belgrade with Baba Anka I saw she had been selling flowers from the morning until the end of the night so I wanted you to bless her. I love this country️ #serbia ♬ original sound - Jibri Bell