Почетна » Новости » Занимливости » Браво! 6-годишно момче од Србија ги продава своите играчки за да собере пари за болни дечиња

Браво! 6-годишно момче од Србија ги продава своите играчки за да собере пари за болни дечиња

Никола Јовиќ има детско срце големо колку планина.

Шестгодишното момче од Сремска Митровица со денови седи на улицата пред семејната менувачница и ги продава своите играчки. Неговата цел е да собере пари со кои ќе им помогне на болни дечиња во нивното лекување.

Хуманото момче рекло дека не му е тешко да се одвои од своите играчки, бидејќи знае дека со тоа некому ќе помогне.

Никола Јовиќ

Идејата на момчето се јавила откако видел кутија за донации во менувачницата и ја прашал мајка си за што е наменета.

„Ја видов кутијата во која мајка ми собира пари за болни деца, па добив идеја да ги продавам играчките за да соберам пари за болните деца и за нивните лекови“ – вели добродушното детенце.

Тој досега има собрано 4.000 динари, а негова цел е да обезбеди најмалку 10.000 динари.

Видео:

Фотографии: Facebook / Regionalna Sremska Televizija

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.