Почетна » Новости » Занимливости » Близначки се родија во различна година, едното бебенце во 2022, а другото во 2023

Близначки се родија во различна година, едното бебенце во 2022, а другото во 2023

Близначки се родија во период од неколку минути, а сепак имаат различни родендени. Сестричките Ени Џо и Ефи Роуз ќе слават родендени на различен ден, во различен месец, па дури и во различна година.

Нивната мајка Кали Џо Скот од Калифорнија се породи на новогодишната ноќ. Првото девојче се роди на 31 декември 2022 година во 23 часот и 55 минути, додека второто бебенце дојде на овој свет на 1 јануари 2023 година, само една минута по полноќ.

Близначки Близначки

„Го обожавам ова. Сметам дека е пресмешно и супер забавно“ – вели мајката.

Близначки Близначки

Родителите биле возбудени што нивните ќерки ќе имаат различни родендени, бидејќи ретки се близнаците кои ја имаат таа можност.

„Секогаш сакате да се потрудите тие да имаат свој индивидуален карактер и да направите да знаат дека се посебни и уникатни. Така, ова се додава како плус на таа посебност и уникатност што некои близнаци можеби не ја добиваат“ – велат среќните родители.

Близначки Близначки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20922 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.