Слободно може да се каже дека на свадбените фотографии на идентичните близнаци Дилраџ и Дилкер и нивните избранички, идентичните близначки Рима и Рина, постои симетрија.
Идентичните парови од Индија се заколнале на вечна љубов на црковна церемонија со свештеници кои се идентични близнаци.
Но, тука не е крајот.
Додека четворицата младенци чекореле кон олтарот покрај нив послушно оделе две идентични девојчиња и две идентични момчиња, кои како што веќе претпоставувате се близнаци.
Не, не гледате дуплирано. Ова се фотографиите од нивниот свадбен ден.
На младоженците, кои отсекогаш биле неразделни и правеле сè заедно, им требало долго време да пронајдат идентични близначки со кои ќе стапат во брак. Но, и Рима и Рина сонувале еден ден да се омажат за близнаци. „Три години баравме соодветни момчиња. Кога ги видовме Дилраџ и Дилкер само си кимнавме со главите. Искуството беше прекрасно“ – рекла Рина.
Иако паровите брзо пронашле свештеници кои се идентични близнаци, требало да чекаат со месеци за да се ослободи термин во нивниот распоред. Свештениците патувале 600 км за да ги венчаат младенците. „Вредеше“ – изјавил едниот младоженец.
Вкупно седум пара близнаци присуствувале на прославата.
Видео
Incredible Kerala Wedding::Grooms::Brides::Flower Girls:: Page Boys::Priests:: All TwinsRemarkable Indian Wedding in Kerala::Grooms twins:: Brides twins:: Flower Girls twins:: Page Boys twins:: Take your breath, the Priests are twins:: too!|Share this::|::Your friends will love to watch::|
Posted by Paul Raj on понеделник, 9 ноември 2015