Почетна » Новости » Занимливости » Блесна новогодишната елка во центарот „Рокфелер“, приказната за нејзиното потекло топли срца

Блесна новогодишната елка во центарот „Рокфелер“, приказната за нејзиното потекло топли срца

Центарот „Рокфелер“ и оваа година беше украсен со прекрасна новогодишна елка, која синоќа заблеска на свечена церемонија.

Елката висока 22 метри е накитена со 50.000 сијалички во различни бои, а на врвот сјае голема кристална ѕвезда од Сваровски.

Елка

Оваа традиција во центарот „Рокфелер“ датира од далечната 1933 година, а годинава елката има специјална приказна.

Елка Елка Елка Елка

Дрвото било засадено во 1967 година од штотуку венчаните Ерл и Лесли Алберт. Тоа било поставено во градината од нивниот нов дом во Масачусетс.

Иако било засадено како дрво со среден раст, истото пораснало 22 метри високо.

Елка Елка

Лесли, која ги обожавала божиќните празници, починала во 2020 година на 78-годишна возраст. Само два дена по нејзината смрт, семејството Алберт добило посета од случаен минувач.

Станувало збор за Ерик Пауз, градинарот од центарот „Рокфелер“, кој го здогледал дрвото и веднаш знаел дека мора да запре и да тропне на вратата од нивниот дом.

Синот на Ерл и Лесли го нарекол Ерик „ангел“.

Елка Елка

Ерл и неговиот син се среќни што дрвото ќе добие нова намена и сметаат дека Лесли би била пресреќна со овој гест. „Ова е најголемата чест во мојот живот“ - изјави Ерл.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20572 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.