Сандали, лесен фустан, марама, крем за сончање, омилените очила за сонце, несекојдневен лак за нокти и торба за плажа. Ова e списокот на неизоставни летни додатоци што секоја жена ги има со себе за време на летните месеци.
Торбите за плажа веќе со години се убав и практичен моден додаток. Најважно е тие да бидат лесни и да одговараат на сечиј стил. Најчесто, понежниот пол се одлучува за платнените торби за плажа бидејќи се најпријатни за носење, не предизвикуваат дополнителна жештина и се доволно големи и функционални за да соберат колку што е можно повеќе работи за безгрижна и опуштена посета на плажата.
Бимилк ова лето реши да ги изненади своите верни потрошувачи и подготви уникатни и дизајнирани торби.

Имено, со секој купен пакет од 2x1,5 литри Битолско млеко, потрошувачите можат да си одберат торба по сопствен вкус. Секој од четирите дизајни е уникатен на свој начин, а се вклопува со секојдневието на секој од нас, па може да се користат за шетање низ град, за одење на излет во природа или, пак, за пазарување.
Торбите се практични и функционални, а се изработени од квалитетен текстил. Она што е најважно, особено за овој период од годината, е тоа што тие се доволно комфорни за да може во нив да ја собере „опремата“ за плажа, како што се: кремот за сончање, резервниот костим за капење, омилената книга и ситните модни летни додатоци.
Затоа, побрзајте и купете го пакетот од 2x1,5 литри Битолско млеко во вашиот најблизок маркет, бидејќи уникатните торби се во ограничен број.



Комерцијален текст