Банана залепена на ѕид, дело која стана вирален хит, се продаде на аукција за 6,24 милиони долари.
Уметничкото дело наречено „Comedian“ (Комичар) на италијанскиот уметник Маурицио Кателан ја достигна вртоглавата сума на аукцијата на Sotheby’s во Њујорк. Купувачот е Џастин Сун, кинески милијардер и основач на платформата за криптовалути TRON.
„Тоа не е само уметничко дело. Го претставува културниот феномен кој ги поврзува световите на уметноста, мемињата и заедницата на криптовалути. Верувам дека ова дело ќе инспирира повеќе размислување и дискусија во иднина и ќе стане дел од историјата“ – рекол Сун, кој ќе ја добие бананата заедно со дак трака.
„Во претстојните денови лично јас ќе ја изедам бананата како дел од ова уникатно уметничко искуство“ – додал тој.
Критичарите сметаат дека репутацијата на Кателан во индустријата е она што ѝ даде толку голема вредност на бананата.
I’m thrilled to announce that I’ve bought the banana !!! @SpaceX @Sothebys I am Justin Sun, and I’m excited to share that I have successfully acquired Maurizio Cattelan’s iconic work, Comedian for $6.2 million. This is not just an artwork; it represents a cultural phenomenon… pic.twitter.com/lAj1RE6y0C
— H.E. Justin Sun (@justinsuntron) November 21, 2024