Почетна » Новости » Занимливости » Бабички близначки заедно го прославија 102-риот роденден: „Ова не се случува секој ден“

Бабички близначки заедно го прославија 102-риот роденден: „Ова не се случува секој ден“

Не се случува често некој да го доживее својот 102-ри роденден. Затоа, кога тоа ќе го направат сестри-близначки, веста инстантно се распространува ширум светот.

Мерилин Рајт и Меделин Каспер од Охајо заедно го прославија овој специјален ден, а покрај нив биле најблиските членови на семејството и пријателите.

„Близначки на 102 години. Сметам дека тоа не се случува секој ден. Затоа ние мислевме дека овој пат мора добро да прославиме“ – рекле двете сестри.

Сестри близначки Сестри близначки

Мерилин и Меделин негуваат блиски односи и покрај тоа што и двете имаат основано свои семејства. Тие заедно имаат вкупно 13 деца кои велат дека се благословени што двете се сè уште со нив. „Благословени сме што ги имаме и двете сè уште со нас и двете се во добро здравје – физичко, а не само ментално“ – изјавиле нивните деца.

Бабичките испратиле само една роденденска порака. „Бидете љубезни со соседите. Покажете добрина. Не мразете. Зборот мразам треба да биде отстранет од вашиот речник“ - порачале тие.

Сестри близначки Сестри близначки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21148 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.